Skip to product information
1 of 1

Прстен со суво цвеќе

Прстен со суво цвеќе

Regular price 400 ден.
Regular price Sale price 400 ден.
Sale Sold out
Quantity

Рачно изработен прстен со суво цвеќе

Уникатен рачно изработен прстен во кој е вметнато вистинско суво цвеќе, внимателно зачувано за да ја задржи својата природна форма и боја. Секое парче е единствено и носи сопствена приказна.

Основата на прстенот е изработена од полимерна глина, на која по печењето е поставено сувото цвеќе и фиксирано со висококвалитетна УВ смола. Смолата обезбедува заштита, сјај и долготрајност, притоа истакнувајќи ги фините детали на цветот.

Рамката е од бижутерија. Во случај на потемнување поради контакт со пот или влага, прстенот лесно може да се освежи со нежно триење со сода бикарбона, потоа да се исплакне и избрише со сува крпа.

Уникатен подарок за оние што ја сакаат природата и рачната изработка. А понекогаш, најубавиот подарок е оној што си го подаруваме сами.

📦 Информации за испорака

Трошоци за испорака: 200 MKD
Време на испорака: 4 работни дена
Продавач: Cariño - handmade gifts & accessories
Локација: Скопје
Дополнителни информации: За Скопје - може подигнување од Дебар Маало (работен ден по договор во периодот од 9 до 18 часот) - во тој случај не се плаќа достава.

ℹ️ Испораката се врши низ цела Македонија. Плаќање при достава (COD).

💡 Трошоците за испорака се пресметуваат при наплата.

⚠️ Доколку купувате производи од различни продавачи, ќе се применат дополнителни трошоци за испорака за секој продавач.

View full details