Прстен со суво цвеќе
Прстен со суво цвеќе
Couldn't load pickup availability
Рачно изработен прстен со суво цвеќе
Уникатен рачно изработен прстен во кој е вметнато вистинско суво цвеќе, внимателно зачувано за да ја задржи својата природна форма и боја. Секое парче е единствено и носи сопствена приказна.
Основата на прстенот е изработена од полимерна глина, на која по печењето е поставено сувото цвеќе и фиксирано со висококвалитетна УВ смола. Смолата обезбедува заштита, сјај и долготрајност, притоа истакнувајќи ги фините детали на цветот.
Рамката е од бижутерија. Во случај на потемнување поради контакт со пот или влага, прстенот лесно може да се освежи со нежно триење со сода бикарбона, потоа да се исплакне и избрише со сува крпа.
Уникатен подарок за оние што ја сакаат природата и рачната изработка. А понекогаш, најубавиот подарок е оној што си го подаруваме сами.
📦 Информации за испорака
▼ℹ️ Испораката се врши низ цела Македонија. Плаќање при достава (COD).
💡 Трошоците за испорака се пресметуваат при наплата.
⚠️ Доколку купувате производи од различни продавачи, ќе се применат дополнителни трошоци за испорака за секој продавач.
Share
