ЧПП за продавачи
1. Како да продавам на VividoShop?
Креирајте профил на продавач. По одобрувањето, ќе добиете пристап до ваша продавница на платформата каде ќе може да прикачувате и управувате со вашите производи.
2. Колку брзо можам да почнам да продавам?
Веднаш. Штом ќе креирате прифил за продавач и ќе ги поставите вашите први производи, вашата продавница ќе стане активна.
3. Дали треба да сум регистриран бизнис за да продавам?
Не. Продавачите можат да учествуваат како физички лица, занаетчии или мали бизниси.
Потребно е само да го прифатите Договорот за Продавачи.
4. Кој е одговорен за производите што се продаваат на Vividoshop?
Продавачите се целосно одговорни за:
- Квалитетот и автентичноста на производите
- Точни описи и фотографии
- Испорака, пакување и политики за враќање
Vividoshop функционира само како место/посредник за продажба и не презема одговорност за производи или спорови.
5. Што можам да продавам на Vividoshop? (Дозволени производи)
VividoShop е фокусиран на рачно изработени, уникатни, домашно произведени и мали серии производи.
Дозволени се следните категории:
🧵 Рачно изработени & Занаетчиски производи
- Рачно изработен накит, аксесоари, чанти
- Плетени / хеклани производи
- Рачно изработена козметика (легална, безбедна, означена)
- Природни сапуни & нега
- Рачно изработени свеќи
- Декор за дом (дрво, глина, текстил, смола итн.)
🎨 Уметност & Креативни производи
- Слики, илустрации, арт принтови
- Рачно изработена хартиена галантерија, тетратки, планери
- Персонализирани или по нарачка изработени производи
👗 Бутик & Мали серии мода
- Облека изработена од самиот продавач (сопствен бренд)
- Мали серии облека
- Лимитирани аксесоари
🧺 Локални занаетчиски производи
- Традиционални ракотворби
- Рачно изработени производи
- Културни & фолклорни предмети
- Рачно изработени сувенири
- Персонализирани производи
🍎 Домашно произведена храна & Природни производи
Дозволени се само ако се безбедни, јасно означени и правилно спакувани.
Свежи производи
- Сезонско овошје
- Зеленчук
- Свежи билки
Домашни прехранбени производи
- Домашни ајвар, џемови, пинџур
- Туруши
- Сокови, сирупи
- Сушено овошје, чаеви
- Домашна паста или печива (со безбедна истодневна испорака)
- Мед и медни производи
Производи од животинско потекло
Дозволени само ако се безбедни и правилно складирани:
- Јајца
- Месо (свежо или преработено)
- Млечни производи (сирење, јогурт, кајмак итн.)
- Алкохол (вино, ракија, крафт ликери)
Важно:
Продавачите се целосно одговорни за:
✔ Безбедно ракување
✔ Контрола на температура
✔ Хигиенско пакување
✔ Точно означување
✔ Реални информации за трајност
✔ Усогласеност со локални закони
Vividoshop НЕ презема одговорност за безбедност на храна — тоа е обврска на продавачот.
6. Што НЕ е дозволено на VividoShop? (Забранети производи)
Следните производи се забранети поради правни, безбедносни или бренд причини:
🚫 Небезбедна, незаконска или лошо спакувана храна
Храната е забранета ако е:
- Небезбедна за јадење
- Расипана, истечена или неправилно складирана
- Бара ладење, а се доставува без ладен режим
- Нехигиенски спакувана
- Без задолжителни декларации (состојки, алергени, датуми итн.)
🚫 Незаконски или опасни производи
- Оружје, дроги, CBD масла, тутун
- Запаливи или опасни материјали
🚫 Кражба на интелектуална сопственост
- Лажни брендови
- Фалсификати
- Копирани дизајни
- AI-генерирана уметност што копира автори
🚫 Масовно произведени или увозни производи
- AliExpress / Shein / Temu производи
- Фабрички производи без рачна изработка
- Дропшипинг
- Масовна, генеричка стока
🚫 Нерегулирана козметика
- Без декларација
- Без основна безбедносна усогласеност
- Производи што може да предизвикаат штета
🚫 Недозволена содржина
- Производи за возрасни
- Навредлива или дискриминаторска содржина
- Производи што промовираат насилство или омраза
7. Како ќе бидам платен/а?
Vividoshop користи Плаќање при достава (COD). Купувачот плаќа директно при прием на пратката.
По продажбата, Vividoshop ви испраќа фактура за провизијата врз основа на вкупниот износ што сте го продале.
8. Кои провизии ги наплаќа VividoShop?
Се наплаќа провизија на секоја продадена нарачка.
Нема надоместоци за објавување производи — плаќате само по потврдена продажба.
9. Кој се грижи за испораката?
Продавачите се целосно одговорни за подготовка, пакување и испорака.
10. Кој се грижи за враќања и рефундации?
Продавачите сами ги дефинираат своите политики за враќање и рефундирање.
Купувачите ги следат тие правила.
Vividoshop не управува со враќања или рефундации.
11. Како да прикачувам и управувам со производи?
Преку вашиот Профил за Продавач, каде управувате со:
- Слики
- Опис
- Цена
- Залиха
- Детали за испорака
- Нарачки и продажби
12. Дали можам да нудам персонализирани производи?
Во моментов, можноста за целосна персонализација (како внесување на посакуван текст, дизајн или прилагодување на изгледот на производот) не е достапна.
Сепак, наскоро ќе овозможиме оваа опција, така што купувачите ќе можат да внесат свои желби за принт, дизајн или друг изглед на производот.
13. Што ако има спор со купувач?
Сите проблеми се решаваат директно помеѓу продавачот и купувачот.
Vividoshop не посредува во спорови.
14. Може ли да ја паузирам или затворам мојата продавница?
Да. Можете да ја деактивирате во било кој момент преку вашиот Профил за Продавач.