За нас
VividoShop – Дом на автентичноста
Со љубов кон рачната изработка и уметноста
Онлајн маркетплејс за уникатни рачно изработени производи, уметност и заедница на креатори, занаетчии и уметници во Македонија.
Нашата мисија
Во свет на масовно производство, ние се залагаме за автентичност, квалитет и традиција.
Како тоа изгледа во пракса
Ги поврзуваме креаторите со луѓето кои избираат да купуваат свесно и со значење.
Ги поддржуваме занаетчиите, креаторите и малите бизниси со алатки, видливост и можности што им се потребни за да растат онлајн, истовремено зачувувајќи ја вредноста на автентичната рачна изработка.
Тоа го постигнуваме преку комбинација од нашата e-commerce платформа со маркетинг, оперативни и креативни услуги.
Кои сме ние
Ние сме компанија за е-трговија, маркетинг и развој на бизниси со една цел:
Да му обезбедиме на секој македонски мал бизнис и претприемач алатки, видливост и самодоверба за раст — без високите трошоци и сложеноста што вообичаено го отежнуваат тој процес.
VividoShop е дел од Vivido Hub, заедно со нашата сестринска агенција AdVivido. Создаден од љубовта кон креативноста и претприемништвото, vividoshop.com е создаден со визија да стане водечки маркетплејс за рачно изработени производи и креативни услуги, посветен на занаетчиите, уметниците и креативните претприемачи во Северна Македонија.
Соработуваме со занаетчии, мали бизниси и независни креатори за да им помогнеме да дојдат до поширока публика.
Ја славиме рачната изработка, автентичноста, уметноста и луѓето што стојат зад секое дело.
Веруваме дека рачната работа и уметноста заслужуваат почит, видливост и вистинска вредност.
Зошто да купувате на vividoshop.com?
Кога купувате на Vividoshop.com, избирате квалитет, автентичност и производи со приказна.
- Уникатни рачно изработени производи што нема да ги најдете на друго место
На Vividoshop.com ќе најдете рачно изработени, персонализирани и производи во ограничени серии кои не се достапни во трговските центри и големите продавници. Совршени за подароци, декорација на домот, накит, уметност, персонализирани производи и природни локални прехранбени производи.
Секој производ има своја приказна.
- Директна поддршка за локалните креатори
Поддржете локални занаетчии, креатори и мали бизниси. Со секое купување му помагате на некого од нашата локална заедница да го развие својот бизнис.
Без големи фабрики. Без масовно производство. Само вистински луѓе кои создаваат производи со љубов и посветеност.
- Етичко и одржливо купување
Купувајте од доверливи и проверени продавачи. Секој продавач поминува низ рачен процес на одобрување пред да стане дел од платформата.
Прифаќаме само креативни занаетчии, мали бизниси и креатори со оригинални производи, за да обезбедиме безбедно и квалитетно искуство при купување.
- Безбедно и едноставно купување
Вистински фотографии. Без непријатни изненадувања.
Плаќање при достава (Cash on Delivery). Нема потреба од банкарска картичка или онлајн плаќање.
Купувајте безбедно од проверени продавачи и плаќајте дури кога вашата нарачка ќе пристигне.
| КУПУВАЈ СЕГА |
Зошто да продавате на vividoshop.com?
VividoShop е повеќе од маркетплејс — тоа е платформа создадена за да ви помогне да растете.
- Дојдете до поширока публика без потреба од сопствена веб-страница.
- Добијте сопствена онлајн продавница на Vividoshop.com што лесно се поставува.
- 0% провизија од продажба.
- Пристап до локална заедница на купувачи кои ја ценат рачната изработка повеќе од масовното производство.
- Маркетинг и креативна поддршка од AdVivido.
- Едноставен контролен панел за управување со производи, нарачки и статистика.
Кога занаетчиите успеваат, културата живее.
Придружете се на нашата заедница
Instagram | Facebook | LinkedIn | YouTube | TikTok
Без разлика дали сте купувач во потрага по нешто уникатно или креатор подготвен да го развие својот бизнис, VividoShop е вашиот дом.
VividoShop — Создадено со срце. Споделено со светот.