Буренце за вино - рачно изработено од дрво
Буренце за вино - рачно изработено од дрво
Couldn't load pickup availability
Ова е рачно изработено буренце за вино - уникатен спој на традиција, занаетчиство и естетика. Изработено од квалитетно, долго време сушено дрво (бука и чам) , внимателно обработено и декорирано со рачна резба и гравирани мотиви, буренцето претставува автентичен украс и совршен подарок за љубителите на вино и традиционални вредности.
Буренцето е наменето како декоративен сувенир и држач за винско шише, со можност за персонализација – гравирање или рачно резбан натпис со име, датум, посвета или текст по ваша желба. Секое парче е уникатно и носи сопствен карактер, бидејќи е целосно рачно изработено.
Идеално е како подарок за:
- свечени пригоди
- родендени и јубилеи
- свадби
- корпоративни подароци
- љубители на вино и традиционален декор
Производот е изработен со љубов и пасија во Зингибер Ателје, каде дрвото добива душа и нов живот.
📦 Информации за испорака
▼ℹ️ Испораката се врши низ цела Македонија. Плаќање при достава (COD).
💡 Трошоците за испорака се пресметуваат при наплата.
⚠️ Доколку купувате производи од различни продавачи, ќе се применат дополнителни трошоци за испорака за секој продавач.
Share
