Договор за продавање

Последна промена: 19.01.2026  
Верзија: 1.1

 

Vividoshop е управуван од Маја Трајкова како сопственик и оператор на маркетплејс платформата Vividoshop. Фактурите за провизија и други надоместоци ќе бидат издавани на име на Маја Трајкова, која обезбедува услуги за маркетинг и пристап до платформата.

Со тоа што станувате продавач на Vividoshop се согласувате со сите услови, вклучувајќи ги провизиските стапки, одговорностите на продавачот и правилата за користење на платформата.

Овој Договор ја дефинира соработката помеѓу занаетчии, креатори и мали бизниси („Продавач“) и маркетплејс платформата Vividoshop („Vividoshop“, „платформата“, „ние“).

Со регистрација како продавач, се согласувате со следново:

1. Општи услови

1.1. Vividoshop е онлајн платформа што ги поврзува купувачите со независни продавачи.

1.2. Vividoshop делува само како посредник и не е продавач или производител на артиклите.

1.3. Продавачот е целосно одговорен за своите производи, бренд, комуникација со купувачи и продажби.

1.4. Овој Договор важи во верзијата која е објавена на платформата Vividoshop во моментот на користење на платформата.

2. За Vividoshop

VividoShop е онлајн платформа каде независни креатори, занаетчии и мали брендови ги нудат своите производи. Vividoshop служи само како посредник и не е одговорен за испорака, квалитет или враќање на производите.

3. Услови за продавач

Со приклучување на платформата потврдувате дека:

  • Ги создавате или легално ги поседувате производите што ги нудите.
  • Производите се безбедни, автентични и законски дозволени.
  • Можете да ги менаџирате нарачките, испораките и комуникацијата со купувачите.

4. Одговорности на продавачот

4.1. Квалитет и автентичност на производите

Се обврзувате дека ќе:

  • Продавате само оригинални, рачно изработени или легално стекнати производи.
  • Користите точни фотографии, опис и цена.
  • Не продавате фалсификати, копии или забранети артикли.

4.2. Објавување на производи

Како продавач, мора да:

  • Обезбедите точни наслови, опис, фотографии и цени.
  • Одржувате точна залиха.
  • Нудите само дозволени категории производи.

4.3. Исполнување нарачки

Продавачот е одговорен за:

  • Подготовка и пакување
  • Испорака до купувачот
  • Давање број за следење на пратка (ако има)
  • Управување со враќања, замени и проблеми

4.4. Поставување на испораката

  1. Продавачот треба да наведе локација од каде се испраќаат производите.
  2. Достапните опции за цена на испорака се: 150 денари, 200 денари или бесплатно.
    • Ако трошокот за испорака е помал од 150 денари, се внесува 150 денари (купувачот ќе плати точна или помала цена при достава).
    • Ако трошокот за испорака надминува 150 денари, се внесува 200 денари (купувачот ќе плати точна или помала цена при достава).
  3. За секој производ, продавачот мора да внесе:
    • Опција за цена на испорака
    • Локација од каде се испраќа
    • Очекувано време на испорака
    • Дополнителни информации за испораката (опционално)
  4. Доколку купувачот купи производи од повеќе продавачи, ќе плати посебна достава за секој пакет.

Забелешка: Оваа политика е задолжителна за внесување при објавување на производи и е дел од правилата на платформата.

4.5. Комуникација со Купувачи

Се очекува:

  • Брз одговор на пораки
  • Љубезно и професионално решавање спорови
  • Точно информирање за рокови, материјали и детали за производите

4.6. Политики на продавачот

Продавачот мора да објави:

  • Политика за враќање/рефундација (ако ја нуди)
  • Политика за гаранција (ако ја нуди)
  • Рокови за подготовка и испорака
  • Услови за персонализирани нарачки (ако нуди)

4.7. Промени по одобрување на производ

  1. По првичното одобрување на производот од страна на Vividoshop, не се препорачува правење промени на:
    • цената на производот
    • цената на доставата
  2. Секоја промена на цена или достава резултира со повторен процес на одобрување на производот.
  3. За време на процесот на повторно одобрување, производот може да остане јавно достапен за купување по претходно одобрената цена и услови за достава.
  4. Vividoshop не сноси одговорност за нарачки направени по стара цена или достава за време на процесот на повторно одобрување.
  5. Продавачот е должен внимателно да ги провери и потврди сите информации за цена и достава пред првичното објавување на производот.
  6. Доколку е потребна корекција по одобрувањето, продавачот е должен навремено и однапред да го контактира Vividoshop и да ја најави промената, со цел истата да биде обработена и применета навремено. Vividoshop не сноси одговорност доколку промената не биде применета поради ненавремено известување од страна на продавачот.

5. Одговорности на Vividoshop

Vividoshop ви обезбедува:

  • Бесплатна онлајн продавница
  • Контролен панел за управување со нарачки
  • Маркетинг и промоција на платформата
  • Маркетинг и промоција на социјалните мрежи на vividoshop.com
  • Е-маил маркетинг и промоција
  • Едукација и совети за продавачи за маркетинг и бизнис равој

Vividoshop не гарантира продажби и не е одговорен за:

  • Испорака
  • Враќања
  • Спорови помеѓу продавач и купувач
  • Неправилно пакување или оштетена стока

6. Провизија и плаќања

6.1. Vividoshop наплатува 10% провизија на финалната цена на производот.

6.2. Провизијата се наплатува само по успешна испорака, бидејќи се користи Cash on Delivery (COD)метод.

6.3. Продавачот ќе добива:

  • Месечна или по-нарачка фактура за провизија
  • Детален извештај за продажби
  • Инструкции за плаќање

6.4. Неплатени фактури може да доведат до привремено суспендирање на профилот.

6.5 Пример за пресметка на цена

Ако сакате да заработите: 600 денари
Провизија 10%: 60 денари
Цена на платформата: 660 денари
Купувач → плаќа 660 ден.
Продавач → задржува 600 ден.
Vividoshop → зема 60 ден.

7. Продавница и користење на платформата

Забрането е:

  • Лажни нарачки
  • Злоупотреба на профил
  • Непристојно однесување
  • Лажни информации или измами

8. Дозволени категории на производи

VividoShop се фокусира на рачно изработени, уникатни, локални и small-batch производи.

🧵 Рачно изработени производи

  • Накит, аксесоари, чанти
  • Плетени/хеклани производи
  • Природна козметика, сапуни
  • Свеќи
  • Декорации од дрво, глина, смола, текстил

🎨 Уметност и Креација

  • Слики, илустрации, принтови
  • Рачно изработени планери, тетратки
  • Персонализирани подароци

👗 Модни производи (сопствен бренд)

  • Облека изработена од продавачот
  • Small-batch модни производи
  • Уникатни аксесоари

🧺 Локални занаетчиски производи

  • Традиционални ракотворби
  • Рачно изработени сувенири

🍎 Домашни прехранбени производи (со правилно пакување)

  • Овошје, зеленчук, билки
  • Ајвар, пинџур, слатко, сокови
  • Мед и медни производи
  • Суво овошје, чаеви
  • Домашна паста, печива (со брза достава)

Животински производи (ако се правилно складирани)

  • Јајца
  • Месо (свежо/преработено)
  • Млечни производи
  • Алкохол

Продавачите се одговорни за:

✔ хигиена
✔ правилно пакување
✔ контролирана температура
✔ точни информации

Vividoshop не е одговорен за безбедност на храната.

9. Забранети производи

Забранети се:

🚫 Небезбедна или незаконска храна

  • Расипана или неправилно складирана храна
  • Храна без пакување или декларација
  • Производи кои бараат ладен ланец, а се доставуваат без него

🚫 Незаконски артикли

  • Оружје
  • Дроги
  • CBD масла
  • Тутунски производи

🚫 Фалсификати и повреда на авторски права

  • Лажни брендови
  • Копирани дизајни
  • AI-генерирани копии на уметност

🚫 Масовно произведени артикли

(освен ако се мал локален бренд, одобрено индивидуално)

  • AlliExpress/Shein/Temu производи
  • Dropshipping
  • Фабрички генерички производи

🚫 Небезбедна козметика

  • Козметика без декларација
  • Производи со медицински тврдења

🚫 Возрасни/штетни/навредливи производи

10. Рецензии и оценки

  • Купувачите може да оставаат рецензии.
  • Прегледите мора да бидат автентични.
  • Не смее да се бараат лажни рецензии или поткуп.
  • Забрането е малтретирање купувачи поради лоша оценка.

Vividoshop може да избрише непримерни рецензии.

11. Улогата на Vividoshop

VividoShop не е одговорен за:

  • квалитет на производ
  • испорака
  • враќања
  • штети или незадоволство

Сите обврски се меѓу продавачот и купувачот.

12. Суспензија на профил

Профил може да биде паузиран или затворен ако:

  • Има многу жалби
  • Производите се лажни или небезбедни
  • Се даваат лажни информации
  • Не се плаќа провизија

Продавач може да го затвори профилот откако ќе ги исполни сите обврски.

13. Aжурирање на Договорот

Vividoshop го задржува правото во секое време да го измени, дополни или ажурира овој Договор.

Сите измени и дополнувања стапуваат во сила веднаш со нивното објавување на платформата Vividoshop.

Vividoshop може да ги извести продавачите преку е-пошта или преку известување на платформата.

Со продолжување на користењето на платформата по објавувањето на измените, продавачот се смета дека ги прифаќа измените во целост.

14. Потврда на Договорот

Со регистрација и активирање на профилот, продавачот потврдува дека ги прочитал, разбрал и се согласува со:

Договорот за продавање

Провизиски правила

Политика за продавање