Правила за провизија

Последна промена: 27.12.2025  
Верзија: 1.0

 

Овие Услови за Провизија ги уредуваат начинот и правилата според кои Vividoshop наплаќа провизија за продажби направени преку платформата. Со креирање продавница, објавување производи или користење на продавничкиот интерфејс, автоматски се согласувате со следните услови.


1. Што претставува провизијата

  • Провизијата претставува надомест за користење на платформата Vividoshop, нејзината техничка инфраструктура, продажниот интерфејс, администрирањето на нарачки, како и поддршката и видливоста што платформата ја овозможува на продавачите.
  • Провизијата не претставува плаќање за производите, ниту Vividoshop учествува како страна во купопродажниот однос меѓу продавачот и купувачот, туку служи исклучиво како надомест за користење на услугите и функционалностите на платформата.
  • Со креирање продавница, објавување производи и реализирање продажби преку платформата Vividoshop, продавачот прифаќа дека за секоја успешно комплетирана нарачка ќе биде наплатена провизија, согласно условите наведени во овие Правила за провизија.

2. Стапка на провизија

  • Vividoshop наплаќа 10% провизија на вкупната вредност на порачката (цена на производ + дополнителни наплати поставени од продавачот).
  • Провизијата се наплаќа само за успешно комплетирани нарачки.

3. Начин на плаќање (COD модел)

Vividoshop го користи моделот Плаќање при достава (Cash on Delivery – COD).

  • Купувачот ја плаќа цената на нарачката и трошоците за достава директно на продавачот во моментот кога ја прима пратката.
  • Платформата не наплаќа провизија од трошоците за достава, туку единствено од вкупната вредност на продадените производи, согласно правилата за провизија.
  • По примањето на уплатата од купувачот, Vividoshop издава фактура за провизијата кон продавачот на месечно ниво.

4. Фактура и рок за плаќање

  • Vividoshop издава фактура за провизија кон продавачот за успешно комплетирани нарачки.
  • Фактурата се издава на месечно ниво, по завршување на календарскиот месец, и ги опфаќа сите реализирани нарачки во тој период.
  • Продавачот е должен да ја плати издадената фактура во рок од 7 (седум) дена од датумот на нејзино издавање односно по завршување на календарскиот месец.
  • Сите информации потребни за уплата (износ, сметка, повик на број и сл.) се јасно наведени во самата фактура.
  • Плаќањето може да се изврши преку:
    • Банкарски трансфер
    • Онлајн или мобилно банкарство
    • Друг начин на плаќање наведен во фактурата

Vividoshop обезбедува автоматизиран преглед на фактурите за провизија преку корисничкиот профил на продавачот, каде продавачот може да ја следи својата месечна обврска и статусот на плаќање.

5. Пресметување на провизија

Провизија = Вредност на нарачка × 10%
Примери:

  • Ако продадете производ за 1000 ден → провизија = 100 ден
  • Ако продадете 10 производи со вкупна вредност 8000 ден → провизија = 800 ден

6. Поставување цени (за да не губите пари)

За да се осигурате дека ја добивате целата посакувана заработка после провизијата:

  • Продавачите треба да ја пресметаат 10% провизија при поставување на цените.
  • Пример:
    • Посакувана заработка: 600 ден
    • Провизија (10%): 60 ден
    • Цена на производ на Vividoshop = 660 ден
    • Купувачот плаќа 660 ден → продавачот задржува 600 ден, Vividoshop зема 60 ден

На овој начин продавачите не губат пари поради провизијата.

7. Откажани нарачки и враќања

Провизија не се наплаќа за:

  • Откажани нарачки
  • Вратени производи
  • Непредадени пратки

Провизија се наплаќа само кога продавачот ја има добиено целосната уплата од купувачот.

8. Одговорности на продавачот

Продавачот е должен да:

  • Води точна евиденција за извршени и примени нарачки
  • Потврдува успешни испораки
  • Ги плаќа фактурите за провизија навреме
  • Извести Vividoshop ако некоја нарачка е откажана или вратена (со доказ)

9. Неплаќање провизија

Во случај на задоцнето или неплатено побарување, Vividoshop може да:

  • Ги сокрие производите на продавачот
  • Го ограничи пристапот до профилот
  • Ја паузира продавницата
  • Го избрише профилот при повторени прекршувања

Сите неплатени провизии остануваат законски обврска за продавачот.

10. Даночни напомени

  • Vividoshop не наплаќа, не задржува и не пресметува даноци во име на продавачите.
  • Секој продавач самостојно управува со своите приходи остварени преку платформата.
  • Препорачуваме продавачите да бидат информирани за своите даночни обврски и, доколку е потребно, да се консултираат со сметководител или даночен советник.
  • Vividoshop не сноси одговорност за непријавени или неправилно пријавени приходи од страна на продавачите.

11. Промени и ажурирања

Vividoshop може да направи промена во Правилата за провизија во иднина. Продавачите ќе бидат известени најмалку 30 дена однапред.

12. Потврда 

Со регистрација и активирање на профилот, продавачот потврдува дека ги прочитал, разбрал и се согласува со:

Договорот за продавање

Провизиски правила

Политика за продавање